понеделник, 8 декември 2025

Патувањето на луѓето до Марс реално би изгледало како 300 дена во фиат 500, тврди астронаут

Американскиот милијардер Илон Маск најави дека луѓето ќе чекорат по Марс веќе во 2031 година, но експертите предупредуваат дека многу проблеми мора да се решат пред таквото патување воопшто да стане изводливо.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Францускиот астронаут Томас Песке вели дека патувањето со екипаж до Марс, врз основа на моменталните технички можности, би траело околу 12 месеци или 300 дена во затворен простор со големина на мал автомобил фиат 500.

Во својата книга „Пофалба за надминувањето“, објавена на 5 ноември, францускиот астронаут опишува мисија за која вели дека ќе биде „страшно празна и безживотна“, пренесува БФМ ТВ. Со сегашната технологија, патувањето со екипаж до Црвената планета би траело околу 12 месеци, а за споредба, Аполо 11 стигна до Месечината за три дена.

„Постои голем ризик од технички дефект, депресија или некој да „пукне“, па затоа треба внимателно да размислиме дали навистина го сакаме тоа“, изјави Песке за францускиот весник Ле Паризиен.

И експертите од Европската вселенска агенција (ЕСА) предупредуваат на големи предизвици како што се заштитата од космичко зрачење, дизајнирањето на ергономски вселенски летала, транспортот на големи количини вода и храна, како и психолошката подготовка на астронаутите.

Бидејќи Земјата и Марс се порамнуваат само еднаш на секои 26 месеци, можностите за лансирање се ретки, што дополнително ја комплицира логистиката. Покрај тоа, астронаутите би можеле да останат на Марс со децении, а ЕСА предвидува мисии што ќе траат помеѓу три и пет години.

Иако Илон Маск споменува слетување на луѓе на Марс веќе во 2031 година, експертите веруваат дека овој рок е премногу оптимистички, со оглед на фактот дека НАСА идентификуваше 187 технички пречки во документ од 2024 година кои сè уште не се решени.

Европските агенции веруваат дека е потребно прво да се тестира инфраструктурата, да се испланира воспоставување база и да се научи како самостојно да се преживее на Црвената планета, пред да се испратат луѓе на тоа далечно патување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ