сабота, 6 декември 2025

Ново истражување: Кафето може да помогне против неправилен срцев ритам

Консумирањето кафе може да помогне против неправилен срцев ритам, и покрај традиционалното верување во спротивното, покажа најновото истражување на американски научници.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Во рамките на клиничкото истражување ДЕКАФ, кое ја испитува врската помеѓу консумирањето кофеин и атријалната фибрилација (АФиб), вообичаен тип на неправилен срцев ритам, утврдено е дека кај 200 пациенти кај кои оваа појава е постојана, е забележан значително помал ризик од развој на состојбата ако пиеле кафе, во споредба со групата пациенти кои не го консумирале, пренесува Гардијан.

Наодите на тим предводен од кардиологот и професор по медицина на Универзитетот во Калифорнија, Сан Франциско, Грегори Маркус, беа објавени во време кога кај повеќе од 10 милиони луѓе во САД е дијагностицирана атријална фибрилација, што може да доведе до срцев удар, згрутчување на крвта и мозочни удари.

Истражувачите, користејќи електрокардиограми и холтери, заклучиле дека кај пациентите во групата која пиела кафе, ризикот од појава на срцеви неправилности за време на периодот на тестирање, кој траел шест месеци, бил намален за 17 отсто.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ