Истражувањето беше спроведено претходно оваа година за време на експедицијата Р/В Фалкор, организирана од Океанскиот институт Шмит и Фондацијата Нипон – Нектон океански попис. Научниците собрале речиси 2.000 примероци од 14 различни групи животни во областа околу Јужните Сендвички Острови, меѓу кои пронашле 30 сосема нови видови, пренесува Метрополитан.
Сунѓерот Chondrocladia sp. nov, покриен со куки што го фаќаат пленот, привлече најголемо внимание. Додека повеќето сунѓери се хранат со филтрирање на водата на мирен начин, овој нов вид користи агресивни тактики за да го фати својот плен.
Just in time for Halloween, scientists have uncovered a spooky new species: Chondrocladia sp. nov., a carnivorous sponge ominously dubbed the “death-ball,” a predator with hook-like traps. Learn more: https://t.co/1rNaRLBRDy
— Oceana Canada (@OceanaCAN) October 30, 2025
Покрај „смртоносниот сунѓер“, тие открија и нов вид оклопен и светлечки панголин (Eulagisca sp. nov.) и три претходно непознати видови морски ѕвезди. Тие, исто така, пронајдоа бројни нови ракови, вклучувајќи изоподи и амфиподи, дел од собраниот материјал сè уште се изучува, бидејќи би можел да открие сосема ново семејство на амфиподи. Откриле и ретки школки и полжави, како и можен нов вид црн корал.
Тие исто така забележале таканаречен зомби црв, посебен вид без уста или дигестивен тракт кој преживува со помош на бактерии. Овие црви ги разградуваат мастите од коските на големите морски цицачи како китовите. Иако зомби црвите не се непознати за науката, тие многу ретко се гледаат поради екстремните длабочини на кои живеат. Но, и покрај овие откритија, Јужниот Океан останува голема мистерија.
„Досега анализиравме помалку од 30 проценти од примероците собрани за време на оваа експедиција, а веќе потврдивме 30 нови видови. Ова јасно покажува колку биодиверзитетот на океанот сè уште е многу непознат“, изјави Мишел Тејлор, водач на научниот тим за попис на океанот.






