петок, 20 февруари 2026

Јужна Кореја воведува ноќни автобуски линии само за жени

Јавниот превоз во Јужна Кореја воведе нова ноќна линија со цел да се зголеми безбедноста на жените.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Автобусите што сообраќаат ноќе се наменети специјално за жени кои работат ноќни смени, властите нагласуваат дека фокусот е на заштитата и безбедноста на патничките што се враќаат дома во доцните вечерни и раните утрински часови.

Автобусите се опремени со видео надзор, како и специјално копче за паника за итни случаи. Овие безбедносни механизми треба да овозможат брза реакција на надлежните служби во случај на каква било закана или инцидент, обезбедувајќи дополнително чувство на безбедност при возење.

Владини претставници велат дека мерката е одговор на долгогодишните загрижености за безбедноста на жените што користат јавен превоз и дел од поширока стратегија за подобрување на достапноста и безбедноста на јавниот превоз ноќе, според Ју-ен-ти-ви.

Иницијативата веќе предизвика многубројни реакции во јавноста. Иако многумина ја поздравуваат како важен чекор кон поголема заштита на жените, некои експерти укажуваат на потребата од системски решенија што би ја обезбедиле безбедноста на сите патници, без оглед на полот.

Според достапните информации, проектот ќе биде евалуиран во наредниот период, по што ќе се донесе одлука за негово евентуално проширување во други градски зони.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ