среда, 16 јули 2025

Јапонските научници развија пластика што се топи во вода

Јапонски научници развија пластика која се разградува во морската вода за неколку часа, што би можело да биде решение за загадувањето на океаните кое го загрозува морскиот живот.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Експертите долго време експериментираат со биоразградлива пластика, а сега научниците од центарот Рикен и Универзитетот во Токио развија нов материјал кој се распаѓа многу побрзо и не остава траги.

Во лабораторија во градот Ваку, во близина на Токио, тимот демонстрираше како парче пластика исчезнува во базен со солена вода во кој стои околу еден час.

Учесниците не изнесоа детален план за комерцијализација, но лидерот на тимот, Такузо Аида, вели дека истражувањето привлекло значителен интерес, вклучително и од компаниите за пакување.

Научниците ширум светот се тркаат да развијат иновативни решенија за огромниот проблем со загадувањето со пластика, што е истакнато со кампањи како што е Светскиот ден на животната средина, кој се слави на 5 јуни.

Програмата за животна средина на ОН предвидува дека загадувањето со пластика ќе се зголеми тројно до 2040 година, што значи дека дополнителни 23 до 37 милиони тони пластика ќе завршат во светските океани секоја година.

„Децата не можат да ја изберат планетата на која ќе живеат. Наша должност како научници е да им оставиме најдобра можна средина како наследство“, изјави Аида.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ