вторник, 6 јануари 2026

Јапонски ресторан плати рекордни 2,7 милиони евра за туна на аукција

Јапонски суши ресторан денес понуди 510 милиони јени (2,7 милиони евра) за една туна со сина перка, што е убедливо највисоката цена досега платена на новогодишна аукција на рибниот пазар Тојосу во Токио.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Фатената риба, тешка 243 килограми, отиде во сопственост на компанијата Кијомура Корпорејшн, оператор на популарната мрежа на суши ресторани Сушизанмаи со седиште во Токио, пренесува Ројтерс.

„Се надевам дека економијата ќе се подобри оваа година. Администрацијата на премиерката Санае Такаичи вети дека ќе работи, работи, работи, па затоа и Сушизанмаи ќе работи, работи, работи. Се надевам дека оваа понуда ќе ги развесели сите“, рече Кијоши Кимура, раководител на Кијомура.

Денешната понуда го сруши претходниот рекорд на Кијомура од 333 милиони јени (1,8 милиони евра) од 2019 година.

„Мислев дека добитната понуда ќе биде малку пониска, можеби околу 400 или 300 милиони јени, но се покажа дека е повеќе од 500 милиони“, изјави Кимура, познат како „Кралот на туната“, за новинарите.

Џиновската туна беше пренесена до главната филијала на Сушизанмаи, потоа исечена и дистрибуирана до ресторани низ целата земја.

“Јадењата од туна ќе им се продаваат на купувачите по вообичаена цена”, рече Кимура.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ