понеделник, 8 декември 2025

Јапонска услуга „Баба за изнајмување“ обезбедува потребна и сакана цел за постарите жени

Ви треба малку „мајчинска топлина“? Во Јапонија можете да ангажирате баба за само 60 долари.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Кога еден јапонски мајстор изведувач се соочил со презаситен пазар, тој посегнал кон прилично необично решение.

Со оглед на тоа што има малку работни места достапни за жени над 60 години, освен чистачки на куќи, компанијата сфатила дека од истата причина што некој би сакал да ангажира машки мајстор во неговите 60-ти за време на проект за изградба на куќа, некој можеби ќе сака да ангажира баба за проект за домаќинство.

Така, Клиент Партнерс од Токио ја започнаа ОК! Услугата Обачан (ОК! Баба) која стана хит.

„Никогаш не ми е здодевно“, изјави 69-годишната Таеко Каџи, една од бабите за изнајмување, за австралиски Еј-би-си. „Можам да излезам надвор и да ги имам овие искуства и затоа преземањето на оваа работа беше вистинската одлука за мене“.

Клиент Партнерс им овозможува на клиентите да ангажираат услуги на водичи и преведувачи, но загриженоста во јапонското општество поради вообичаената осаменост во големите градови ѝ даде идеја на компанијата да почне да изнајмува пријатели, „тетки“, сега дури и баби.

Каори Окано, професорка по азиски студии и јапонски јазик на Универзитетот Ла Троб, ги проучува родовите односи во Јапонија. Таа изјави дека компанијата обезбедува вредни можности за некои постари жени. „Тоа им дава чувство на само-исполнување на овие жени кои претходно биле невработени дека можат да бидат корисни и ценети од другите луѓе.“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ