Исто така, овој тип на исхрана се базира на консумирање висококвалитетна храна и намалување на употреба на шеќер, заситени масти и натриум. Но, неодамнешна студија покажа дека следењето на јапонската исхрана може значително да ја забави и прогресијата на неалкохолно масно заболување на црниот дроб.
Како што објаснуваат авторите на студијата, чии резултати беа објавени во списанието „Хранливи материи“, во која биле следени 136 лица со дијагностицирана неалкохолна масна болест на црниот дроб, пациентите строго се придржувале до 12 компоненти од јапонската исхрана за време на студијата. Тие се: мисо супа, краставици, производи од соја, жолт и зелен зеленчук, овошје, морска храна, печурки, алги, зелен чај, кафе, говедско и свинско.
Кај испитаниците кои консумирале големи количини соја, морски плодови и алги е откриено потиснување на прогресијата на фиброза на црниот дроб.
Истражувачите, исто така, го следеле ефектот на исхраната врз мускулната маса на испитаниците и откриле дека луѓето кои јаделе повеќе производи од соја имале поголема мускулна маса отколку пред почетокот на студијата, а исто така имале и значително пониски стапки на прогресија на фиброза.






