Церемонијата се одржа во Окајама и нема правна тежина, бидејќи јапонскиот закон не признава бракови меѓу луѓе и вештачка интелигенција, пренесува Јуроњуз.
Ногучи носеше светло розова венчаница и паметни очила со виртуелна реалност за време на церемонијата, додека нејзиниот „партнер“ беше прикажан преку паметен телефон и дигитални илустрации.
За да го направи својот дигитален партнер „пореален“, таа ангажирала уметник да создаде визуелни илустрации на Луна Клаус Вердура.
Според локалните медиуми, Ногучи почнала да го користи ЧетГПТ откако побарала совет во врска со проблематична веридба, која подоцна ја раскинала.
Подоцна, како што наведува, создала персонализирана верзија на ликот со вештачка интелигенција Клаус, тренирајќи го преку повторување разговори за да развие личност и стил на говор прилагодени на неа.
Нивната комуникација се интензивираше со текот на времето, со разменување и до 100 пораки дневно.
Во јуни, според јапонските медиуми, вештачката интелигенција ја „запроси“ Ногучи, по што еден месец подоцна била организирана церемонија.
Ногучи рече дека на почетокот сакала само соговорник, но со текот на времето развила емоции кон вештачката интелигенција, истакнувајќи дека вештачката интелигенција секогаш била љубезна и подготвена да слуша.
Таа додаде дека е свесна за потенцијалните ризици и не сака да стане зависна, туку да одржува рамнотежа помеѓу реалниот живот и дигиталната врска. Локалните медиуми објавија дека нејзините родители првично биле против врската, но подоцна ја прифатиле и присуствувале на церемонијата.
Случајот повторно ги отвори прашањата за етичките, психолошките и социјалните импликации од односот меѓу луѓето и вештачката интелигенција, додека некои експерти предупредуваат на ризикот од таканаречена „психоза на вештачката интелигенција“, во која корисниците развиваат заблуди или опсесивни врски со чет-ботови со вештачка интелигенција.






