сабота, 6 декември 2025

Јаболко секое утро: Експертите велат да

Јаболкото сосема заслужено се смета за еден од најздравите и наједноставни плодови кои можеме да ги вклучиме во секојдневната исхрана.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Освен што се практични за носење со вас и за јадење без посебна подготовка, јаболката се богати со растителни влакна, што е од суштинско значење за добро варење, подобро контролирање на шеќерот во крвта и долготрајно чувство на ситост.

Нутриционистите истакнуваат дека утрото е најсоодветно време за консумирање јаболко. Кога денот ќе го започнеме со овој овошје, внесуваме природни влакна и витамини кои му помагаат на телото да се раздвижи и да го активира дигестивниот систем.

Додавањето парчиња јаболко во овесната каша, смути или јогурт е одличен начин за појадокот да стане хранлив, лесен и здрав.

Во утринските часови нашиот метаболизам е најактивен, а дигестивниот систем е подготвен да ги искористи хранливите материи од храната. Јаболкото содржи два вида влакна – нерастворливи, кои ја стимулираат работата на цревата, и растворливи, меѓу кои особено се истакнува пектин.

Пектинот создава мека маса во цревата, помага при нивното празнење и ги храни добрите бактерии, што придонесува за здравјето на цревната флора.

Иако се природно слатки, јаболката не предизвикуваат нагли промени во нивото на шеќер во крвта. Благодарение на пектинот, шеќерот се апсорбира побавно, што ја одржува енергијата стабилна во текот на целиот ден.

Ако јаболко изедете 10 до 15 минути пред оброкот, чувството на ситост доаѓа порано – тоа може да помогне во намалувањето на количината на храна што ќе ја изедете, а со тоа и во контролата на телесната тежина.

Јадењето јаболко наутро може да изгледа како мала работа, но има големи придобивки. Редовното внесување на растителни влакна го подобрува варењето на храната, обезбедува енергија и одржува стабилно ниво на шеќер во крвта. Дополнително, јаболкото е лесен, вкусен и достапен избор за секој ден.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ