сабота, 26 јули 2025

Ја јадете со години, а не знаете зошто се вика чајна

Мислевте дека се вика чајна затоа што има некоја тајна состојка од чај? Или можеби затоа што е направена од зачини што личат на чај?

Објавено на

часот

Сподели

Па не сте единствените.

Но вистинската причина зошто овој сув колбас го има тоа збунувачко име лежи длабоко во историјата – во времето кога во салоните на Австро-Унгарија се пиел чај, а со него се сервирал колбас.

Не, не е шега. Овој деликатес бил неопходен дел од попладневните чајанки, и оттаму – верувале или не – го добил своето име.

Имено, во Австро-Унгарија, а подоцна и во поранешна Југославија, чајниот колбас се сервирал како студен прилог со чајот или со лесни оброци, најчесто попладне, во рамките на тогаш популарните чајанки или попладневни дружења.

Затоа и го добила името чајна, бидејќи била вообичаен додаток на чајот – слично на денешните сендвичи или лесни закуски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ