Дензел Вашингтон (70) е во градот на југот на Франција на премиерата на најновиот филм на американскиот режисер Спајк Ли, „Од највисоко до најниско“, адаптација на „Високо и ниско“ на легендарниот јапонски режисер Акира Куросава, што исто така беше прикажан во понеделникот.
Актерот го игра Дејвид Кинг во овој криминалистички трилер, неговата петта филмска соработка со Ли. На актерот на сцената му се придружија и другите ѕвезди од филмот, А$АП Роки и Џефри Рајт.
Филмските улоги на двократниот добитник на Оскар се движеа од активист за права на црнците Малколм Икс до пијаниот пилот – херој во „Лет“. Неговата улога како одметнат детектив во филмот „Ден на обука“ му го донесе вториот Оскар во 2002 година, по првиот во 1990 година за филмот „Војната за слава“.
Ненајавеното признание следеше по проекцијата на ретроспективата на брилијантната кариера на Дензел Вашингтон во фестивалската палата.
Веста ја соопшти директорот на фестивалот, Тиери Фремо.
„Ова е навистина посебен ден. Дензел, бидејќи си тука, сакавме да направиме нешто посебно за тебе… тоа е наш начин да ти го покажеме нашето восхитување за сè што направи за филмот. Никој не знаеше за ова освен Спајк Ли, кој ми пиша да го направам тоа“, изјави Фремо.
Denzel Washington receives a surprise Palme d’Or from Spike Lee at the world premiere of their film “Highest 2 Lowest”. ✨ #CannesFilmFestival
🎥 @Variety pic.twitter.com/bmhX0q9TCp
— Spur Play (@spurplay) May 19, 2025
Ли му ја врачи почесната палма на Вашингтон.
„Ова е мојот брат. Го сакам, го сакам. Мило ми е што си тука каде што сите луѓе те сакаат“, рече Ли, прегрнувајќи го актерот.
Канскиот филмски фестивал трае до 24 мај.