недела, 7 декември 2025

Изгореници од сонце: Пет совети што брзо ја лекуваат кожата

Колку пати сте биле предупредени да не излегувате на сонце без заштита? Веројатно многу. Но, ако сонцето ве „измамило“, еве неколку брзи начин да заздравите од изгореници од сонце.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

  1. Аспирин или ибупрофен – против болки и отоци

Доколку почувствувате силна болка, црвенило и оток, земете аспирин или ибупрофен. Овие лекови имаат антиинфламаторно дејство и помагаат во ублажување на симптомите во првите неколку часа по изложувањето на сонце.

  1. Алое вера или краставица – природна хидратација

Гелот од алое вера ја лади и смирува кожата, го намалува чешањето и иритацијата. Ако немате алое вера, испасирана краставица може да биде одлична замена – ја регенерира и хидрира кожата.

  1. Крем за сончање – дури и кога штетата е веќе направена

Кожата што е веќе изгорена е особено чувствителна, па лесно може да се појават дополнителни изгореници. Нанесете крема за сончање за да спречите понатамошно оштетување и да ги ублажите симптомите.

  1. Пилинг – кога изгорениците ќе заздрават

Откако кожата ќе се смири, време е да ги отстраните мртвите клетки. Користете производи со алфа хидроксилни киселини (AXA) за да го поттикнете обновувањето на кожата и да ја забрзате регенерацијата.

  1. Ретинол – за враќање на еластичноста

Сонцето го уништува колагенот, а ретинолот (витамин А) помага во неговата обнова. Откако вашата кожа ќе заздрави, почнете да користите креми со ретинол за зајакнување кожата и подобрување на нејзиниот изглед.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ