Губио ги воодушевува посетителите со својата атмосфера, но и со необичните приказни од минатото, кои не му недостигаат. Доколку поразговарате со некој од локалните жители кои знаат нешто повеќе за историјата на својот град, ќе ве упатат да ја посетите Фонтаната на лудите. Со официјален назив Фонтана дел Барџело, таа се наоѓа во самиот центар и денес е омилено место за собирање на Италијанците, но и на туристите.
Според некогашната традиција, таму може да се „заработи“ и диплома за лудак од Губио. За да го добиете тој „ласкав“ прекар, потребно е само трипати да ја обиколите фонтаната и да пронајдете некој што живее во градот за да ве „прекрсти“ со вода. За неколку евра, во продавницата покрај фонтаната ќе добиете и писмена потврда со која станувате почесен член на градот.
Фонтаната потекнува од 16 век, а според мислењата на историчарите, необичниот ритуал не е без основа. Наводно, необичните формации на блиските ридови долго време биле контаминирани со токсичен иридиум, кој предизвикувал здравствени тегоби.






