недела, 7 декември 2025

Истражување: Првиот бакнеж се случил пред повеќе од 20 милиони години

Првиот бакнеж се случил пред повеќе од 20 милиони години, според студија објавена денес, во која се тврди дека неандерталците веројатно се бакнувале, па дури и можеби разменувале бакнежи со раните современи луѓе.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Ова не е прв пат научниците да сугерираат дека неандерталците и раните луѓе имале блиски односи. Претходните истражувања покажаа дека двата вида ги делеле истите орални микроорганизми стотици илјади години по нивното раздвојување, што укажува на размена на плунка, објави Гардијан.

Еволутивниот биолог и автор на студијата, Матилда Бриндл од Универзитетот во Оксфорд, вели дека иако постојат неколку теории, нивното истражување го поддржува едноставното објаснување – „веројатно се бакнувале“.

Ова е потврдено со генетски студии, според кои луѓето кои не биле од африканско потекло носат делови од неандерталската ДНК, што укажува на вкрстување на двата вида.

Во труд објавен во списанието „Еволуција и човеково однесување“, истражувачите прво морале да дефинираат што е бакнеж на начин што не се потпира само на човековото однесување.

„Претходните обиди за дефиниција беа строго антропоцентрични, што значеше дека другите суштества практично не се бакнуваат. Сега знаеме дека веројатно се бакнуваат, само што не изгледа исто како кај луѓето“, наведува Бриндл.

Затоа, тимот го дефинирал бакнежот како интеракција што вклучува насочен контакт уста на уста помеѓу членови на ист вид, со одредено движење на устата, но без размена на храна.

Комбинирајќи ги податоците со еволутивните врски на живите и изумрените примати, истражувачите заклучуваат дека бакнувањето потекнува од пред помеѓу 21,5 и 16,9 милиони години кај предците на големите мајмуни.

Положбата на неандерталците во тој еволутивен синџир укажува дека и тие веројатно практикувале бакнежи, и тоа не само меѓусебно.

“Ако се знае дека луѓето се бакнуваат и дека покажавме дека тоа веројатно го правеле и неандерталците, јасно е дека двата вида веројатно се бакнувале едни со други”, заклучи Бриндл.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ