среда, 23 јули 2025

Истражување открива: Ако сакате да ја зачувате меморијата во старост, земете домашно милениче

Поседувањето куче или мачка може да има позитивно влијание врз зачувувањето на когнитивните функции во староста, покажаа резултатите од новото истражување, пренесува Гардијан.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Истражувањето покажало дека сопствениците на кучиња задржуваат подобра меморија, додека сопствениците на мачки покажале побавно опаѓање на вербалните функции во споредба со луѓето без миленичиња.

Според студија спроведена меѓу повеќе од 50.000 луѓе над 50 години, рибите и птиците немале значително влијание врз намалувањето на когнитивниот пад.

Истражувачите ги анализираа резултатите од Истражување за здравјето и пензионерите во Европа, кое го спроведоа во текот на 18 години.

Адријана Ростекова, истражувачка на Универзитетот во Женева која ја водеше студијата, истакна дека видот на домашно милениче игра клучна улога во резултатите.

Студијата сугерира дека физичката активност и социјалната интеракција поттикнати од кучињата можат позитивно да влијаат на фронталниот лобус на мозокот, подобрувајќи го вниманието и емоционалната реакција.

Експертите истакнуваат дека резултатите од истражувањето може да имаат големо значење во спречувањето на деменција и зачувувањето на здравјето на постарите лица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ