понеделник, 8 декември 2025

Истражување на Харвард: Отпорноста на децата не се гради со големи зборови, туку со мали моменти на поврзување

Отпорноста кај децата не се развива преку големи зборови или сложени методи, туку преку секојдневни моменти на поврзаност, безбедност и игра. Истражувањата од Харвард покажуваат дека клучот лежи во стабилните односи со грижливи возрасни лица и редовните можности детето да вежба важни животни вештини.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Токму овие мали моменти – преку игра, разговор и семејни ритуали – му помагаат на детето да научи да се справи со неизвесноста и предизвиците во животот.

Порталот „Мајчински“ издвои шест едноставни начини на кои родителите можат да ја зајакнат отпорноста на своите деца:

Семејна тегла на предизвици – забавни задачи кои ги учат децата на храброст и планирање.

Вечерен ритуал „роза, трн и пупка“ – им помага да ги препознаат и именуваат своите чувства.

Лабораторија за нови обиди – покажува дека грешките се можности за учење.

Решавање проблеми со помош на кадифени играчки – вежбање емпатија и социјални вештини преку игра.

Помошник на денот – секојдневни задачи што го зајакнуваат чувството на одговорност и припадност.

Техники за смирување – го учат детето како да ги препознава и регулира емоциите пред тие да станат преоптоварувачки.

Навидум малите нешта – заедничка вечера, пофалба за трудот или прегратка во вистинскиот момент – можат да бидат клучни за развој на самоуверено, отпорно и среќно дете.

„Отпорноста не значи дека детето не чувствува болка или тага, туку знае дека може да го надмине тоа – со поддршка од возрасните кои го сакаат и го разбираат.“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ