недела, 7 декември 2025

Истражување: Мажите се двојно почувствителни на работа од жените

Предмет на новото истражување беа емоциите кои вработените ги доживуваат на работното место. Дури 2.000 работници и 250 шефови зборуваа за емоциите што се јавуваат за време на работното време, како и за тоа како ги изразуваат – ако воопшто ги изразуваат.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Истражувањето, спроведено на Универзитетот Англија Раскин, покажува јасна статистика за работното однесување на мажите и на жените, како и на милениумците, пренесува весникот Мирор.

Работната средина им носи на луѓето радост, изненадување, лутина, тага, гадење или страв, но најголемата причина за овие емоции не е самата работа, туку колегите.

Статистиката покажува дека мажите се почувствителни на работа од жените, но исто така се забележува дека жените се повеќе изложени на стрес и фрустрација.

Мажите се склони да се вложат емоционално во своите проекти и да се чувствуваат лошо ако пропуштат рок или го надминат буџетот на компанијата.

Мажите се повеќе погодени од критиките

Мажите исто така имаат двојно поголема веројатност да ги сфатат критиките лично или да се чувствуваат вознемирено ако нивните идеи и иницијативи се игнорирани или отфрлени, а дури 43 проценти се подготвени да го кренат својот глас.

Водени од емоции, мажите се поподготвени да преземат драстични чекори. Мажот има 20 проценти поголема веројатност да ја напушти работата ако работите не одат добро или има проблем.

„Мажите се посклони да чувствуваат емоции поврзани со моќ – лутина или гордост. Емоциите и моќта се неразделно поврзани“, изјави д-р Тери Симпкин од Универзитетот Англија Раскин.

Тој исто така наведува дека „ако не го послушаат, мажот ќе го поврзе тоа со недостаток на авторитет, статус во компанијата“.

Слично на тоа, тагата е поврзана со недостаток на моќ.

Според ова истражување, секој трет човек ги крие своите вистински емоции на работа, главно зад лажна насмевка.

Овие резултати се неочекувани за многумина, но не се премногу изненадувачки бидејќи студијата покажа и дека 30 проценти од шефовите веруваат дека изразувањето емоции на работа е слабост, а 51 процент веруваат дека работното место треба да биде ослободено од какво било изразување емоции, без разлика дали се позитивни или негативни.

Што е со најмладите?

Милениумците исто така имаат тешкотии на работа. Дури 91 процент од нив, повеќе од која било друга група, доживуваат тага или лутина на работа, а 80 проценти чувствуваат гадење. Д-р Симким ги обвинува проблемите со идентитетот за ова.

„За младите луѓе може да биде тешко да развијат идентитет кој е во согласност со нивните професионални задачи. Можат да чувствуваат страв од неуспех, дури и страв од успех, како и страв дека нема да се вклопат“.

Сепак, помладите генерации можат да бидат оптимистични во однос на иднината, бидејќи се очекува фреквенцијата на негативни емоции значително да се намали со текот на годините.

За работната средина да биде попродуктивна и попријатна за вработените, таа мора да биде „емоционално посвесна“.

Работната средина станува сè повеќе дигитална, а способноста за препознавање и успешно интегрирање на емоционално свесни луѓе ќе биде клучна за успех.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ