сабота, 7 јуни 2025

Истражување: Луѓето се генерално пољубезни отколку што очекуваме

Верувањето во љубезноста на другите е клучно за среќата, според водечкото светско истражување за глобалната благосостојба.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Светскиот извештај за среќа за 2025 година беше објавен минатата недела, Финска е на врвот на листата на „најсреќни земји“ осма година по ред.

Студијата спроведена од Истражувачкиот центар за благосостојба на Универзитетот во Оксфорд во партнерство со Галуп, која анализира одговори на над 100.000 луѓе од повеќе од 140 земји, ги рангира земјите врз основа на перципираниот квалитет на живот од страна на жителите на скала од нула до десет, се ализираше и што точно ни буди насмевки на лицата.

Откриено е дека актите на добронамерност и позитивните социјални врски се клучни за среќата. Всушност, истражувањето од оваа година, исто така, откри дека сме посреќни кога веруваме дека живееме во грижлива заедница и откри дека луѓето се генерално пољубезни отколку што очекуваат повеќето од нас.

За прв пат, Светскиот извештај за среќа за 2025 година ја зеде предвид довербата кон некого дека изгубениот паричник ќе биде вратен. Џон Ф. Хеливел, економист на Универзитетот во Британска Колумбија и основач на Светскиот извештај за среќа – е долгогодишен истражувач на „изгубен паричник“. Идејата е дека, ако го испуштите паричникот на улица и некој го земе и ви го врати, веројатноста е дека нацијата има повисоко чувство на среќа. „Податоците за паричникот се толку убедливи бидејќи потврдуваат дека луѓето се многу посреќни живеејќи таму каде што мислат дека луѓето се грижат едни за други“, вели Хеливел.

„Среќата не е само богатство или раст – туку е и доверба, поврзаност и знаење дека луѓето те поддржуваат“, изјави извршниот директор на Галуп, Џон Клифтон. „Годинешниот извештај докажува дека потценуваме колку е навистина љубезен светот. Ако сакаме посилни заедници и економии, мора да инвестираме во она што навистина е важно: едни со други.“

Не станува збор само за менталната благосостојба, извештај од 2021 година покажува дека љубезноста е добра и за физичката благосостојба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ