вторник, 31 март 2026

Истражување: Електронските цигари можат да го зголемат ризикот од рак

Истражувачите од Универзитетот во Нов Јужен Велс во Сиднеј објавија преглед на докази што укажуваат дека пушењето електронски цигари веројатно предизвикува рак на белите дробови и устата, повикувајќи ги регулаторите веднаш да дејствуваат за да ги заштитат луѓето, особено децата.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Прегледот вклучуваше студии на животни, извештаи за случаи кај луѓе и лабораториски истражувања објавени помеѓу 2017 и 2025 година, пренесува Гардијан.

Утврдено е дека електронските цигари предизвикуваат биолошки промени поврзани со ризикот од рак, вклучувајќи оштетување на ДНК и воспаление.

„Врз основа на сите докази, утврдивме дека електронските цигари веројатно предизвикуваат рак на белите дробови и рак на усната шуплина, иако не можеме да кажеме каков ќе биде товарот“, рече коавторот, вонреден професор Бернард Стјуарт.

Водечкиот автор, вонредниот професор Фреди Ситас, истакна дека раните предупредувања честопати биле игнорирани и предупреди да не се повторува истата ситуација како со пушењето цигари, кога беа потребни децении за да се добијат пробивни докази за канцерогеност.

Експертите забележуваат дека користењето на електронска цигара не е безбедна алтернатива на пушењето, особено за млади луѓе кои никогаш не пушеле, и повикуваат на построга регулатива и ограничувања за пристап до производи за пушење.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ