четврток, 26 февруари 2026

Истражување: Дали вашето утринско кафе или чај навистина ви го подобрува расположението?

Неодамнешна студија објавена во списанието „Сајентифик рипортс“ се осврна на прашањето што ги интересира речиси сите што го започнуваат денот со кафе: дали кофеинот навистина го подобрува расположението во секојдневниот живот?

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Истражувачите ги следеле младите возрасни лица во текот на неколку недели, собирајќи податоци за нивното консумирање на кофеин и моменталните емоции во реални, секојдневни ситуации.

Резултатите покажаа дека консумирањето кофеин е најчесто поврзано со благо до умерено зголемување на позитивните емоции. Ова влијание било најизразено во првите два и пол часа по будењето, кога луѓето обично се најуморни.

Подоцна во текот на денот, ефектот ослабнал, но мало зголемување на позитивното расположение се повторило приближно десет до дванаесет часа по будењето.

Од друга страна, влијанието врз негативните емоции како тага или нервоза било слабо и не било доследно во сите анализи.

Интересно е што трајните карактеристики како што се навиките за пиење кафе, чувствителноста на кофеин, квалитетот на спиењето или присуството на симптоми на анксиозност и депресија не ги променија значително овие резултати.

Многу поважни беа непосредните фактори, првенствено заморот и социјалниот контекст. Кога испитаниците биле исцрпени, позитивниот ефект на кофеинот бил поизразен, додека во присуство на други луѓе овој ефект бил нешто послаб.

Наодите покажуваат дека кофеинот навистина може да го подобри расположението, особено наутро, но дека неговото делување повеќе зависи од моменталната состојба и ситуација отколку од стабилните лични карактеристики. Со други зборови, утринското кафе навистина може да помогне да се чувствуваме подобро, особено кога ни е најпотребно.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ