недела, 7 декември 2025

Истражувачите проверувале како најлесно да ги исплашат галебите што крадат храна

Најлесниот начин да ги исплашите галебите што ве нервираат и ви ја крадат храната е ако викнете на нив, според неодамнешна студија на англиски научници.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Доколку викнете „Не, бегај од таму тоа е мојата храна!“, најверојатно ќе ги исплашите несаканите пердувести посетители на плажата или на шеталиштето покрај крајбрежјето, се наведува во истражување на британски биолози. Тие утврдиле дека истите овие зборови, ако се изговорат со смирен глас, имаат многу помал ефект, пренесува весникот Шпигел.

Научници од Универзитетот во Ексетер тестирале како три тонски записи влијаат на галебите во девет приморски градови во Корнвол, на југозападот на Англија.

Тие поставиле порција риба со помфрит пред галебите, потоа им пуштиле три вида снимки и ги набљудувале реакциите на птиците.

Текстот „Не, бегај, тоа е мојата пита!“ бил изговорен на два начина, преку викање и со смирен тон. Се покажало дека од 21 тестирани галеби, десет одлетале, три избегале кога им била пуштена снимка од машки глас како вика, додека само осум птици не се помрднале. Кога била пуштена втора снимка каде гласот зборувал смирено, ефектот бил послаб, а на трета снимка, истражувачите ја снимиле песната на црвеногушка, што ги оставило галебите речиси целосно рамнодушни.

Некои други градови, како на пример Венеција, имаат други креативни идеи во врска со борбата против галебите, па така некои хотели во тој италијански град им делат на гостите пиштоли со вода за да ги исплашат непоканетите птици, наведува Шпигел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ