петок, 19 декември 2025

Истражувач: Луѓето кои живеат долго пијат вино, но со едно важно правило

Истражувачот и автор кој ја проучува долговечноста, Ден Бутнер, открил дека жителите на таканаречените Сини зони често следат едноставни правила поврзани со подолг животен век. Костарика, Грција и Јапонија се меѓу шесте области во кои луѓето, според неговите истражувања, имаат значително поголема веројатност да доживеат 100 години отколку во Соединетите Американски Држави. Покрај исхраната и цврстите социјални врски, едно правило особено се истакнува.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Станува збор за умерено и редовно консумирање на алкохол, најчесто една до две чаши вино дневно. Бутнер наведува: „Луѓето во сите Сини Зони (освен адвентистите) пијат алкохол умерено и редовно“. Тој додаде: „Умерените консументи живеат подолго од оние кои не пијат. Трикот е да се пие една до две чаши дневно, со пријатели и со храна“, пренесува Дејли експрес.

Алкохолот не е неопходен за здравјето, а умереноста е клучна

Иако здравствените институции предупредуваат за долгорочните ризици од алкохолот, д-р Гарет Нај, предавач по биомедицински науки на Универзитетот во Салфорд, изјави дека црвеното вино во умерени количини може да има одредени потенцијални придобивки. „Црвеното вино содржи ресвератрол, растително соединение за кое се претпоставува дека има антиоксидантни својства“, истакна тој.

Тој додаде дека некои истражувања ги поврзуваат антиоксидантите со намалено воспаление, понизок крвен притисок и зголемен ХДЛ, или „добар“ холестерол.

Сепак, експертите нагласуваат дека алкохолот не е неопходен за здравјето и дека умереноста е клучна. Нутриционистката Хелен Бел предупреди: „Надминувањето на препорачаните граници може да доведе до заболувања на црниот дроб, зголемен ризик од рак и кардиоваскуларни проблеми“.

„Никој не треба да пие алкохол поради здравствени придобивки. Идеално е колку што е можно помалку алкохол, а ако постои чувство на зависност од алкохол, потребно е да се побара помош“, заклучи д-р Нај.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ