Маснотијата и изгорените дамки се вообичаени, особено по печење месо, на следниот начин можете да ја исчистите тавата за печење без триење. Сè што ви треба се неколку работи што веќе ги имате дома, и без никаков напор, лесно можете да ја завршите оваа задача.
Целата површина на тавата посипете ја со сода бикарбона, потоа прелијте ја со обичен бел оцет. При овој процес настанува мала реакција меѓу содата и оцетот и се остава десетина минути да се впие во оваа смеса што ги отстранува маснотиите.
По тој период, истурете ги содата и оцетот, а потоа ставете малку детергент за миење садови и топла вода во тавата. Оставете да отстои уште 20 минути, избришете го со сунѓер и ќе бидете изненадени, сите дамки ќе исчезнат и тавата ќе изгледа како нова.