понеделник, 8 декември 2025

Инженерите претставија компјутер што може да „размислува“ како мајмун: има функции за вид, слух, јазик и учење

Кинеските инженери претставија нова генерација компјутери слични на мозок, наречени „Дарвинов мајмун“, кои можат да ги имитираат мозоците на мајмуните макаки.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Овој компјутер е развиен во Лабораторија за мозочна интелигенција на Универзитетот Жеџијанг во источна Кина, во покраината Жеџијанг.

Опремен е со 960 чипови Дарвин 3, трета генерација единици за обработка на невронски функции, кои лабораторијата ги разви самостојно, пренесува кинеската новинска агенција Ксинхуа.

Системот на чипови поддржува повеќе од две милијарди пулсирачки неврони и над 100 милијарди синапси, што го прави Дарвиновиот мајмун првиот компјутер во светот кој ги комбинира напредните способности за размислување со функциите за вид, слух, јазик и учење.

Компјутерот троши околу 2.000 вати енергија во типични услови на работа.

Истражувачкиот тим успешно имплементираше неколку паметни апликации на компјутерот.

Со користење на своите невронски и синаптички ресурси, системот може да симулира и мозоци на различни животински видови, вклучувајќи црви, златни рипки, глувци и макаки, отворајќи нови можности за истражување на мозокот, според Ксинхуа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ