среда, 16 јули 2025

Иновативни Нео кјулед телевизори: гледајте го светот во 8K и 4K со Самсунг

Доживејте ја телевизијата како никогаш досега! Самсунг Neo QLED телевизорите, со најновата Samsung Vision AI технологија, го менуваат начинот на кој гледате ТВ, претворајќи го секој момент во незаборавно искуство. Погледнете како секој детал оживува со неверојатна јасност и кристално чист звук. Овие телевизори не се само екрани, туку вистински уметнички дела што го трансформираат вашиот дом во центар за забава.

Објавено на

часот

Сподели

Со перформансите на новите Neo QLED телевизори, целото искуство е поместено на ново ниво. 8K моделот Neo QLED QN990F, со неверојатни 98 инчи, ќе ви овозможи да уживате во слика и звук како да сте во вистинско кино, а не во вашиот дом. Samsung ги комбинира најнапредните ВИ технологии и процесор NQ8 AI Gen3 со 768 невронски мрежи, давајќи ви доживување што изгледа и звучи како вистинска акција. А кога станува збор за 8K AI Upscaling Pro, било која содржина која не е снимена во 8K ќе биде оптимизирана во неверојатна 8K резолуција, со совршена јасност и детали.

Би ја издвоиле и технологијата Quantum Matrix Pro, која обезбедува прецизна контрола на затемнување, што значи дека без разлика дали ги гледате најсветлите или најтемните сцени, ќе забележите детали кои никогаш не сте ги приметиле досега. Што се однесува до звучните ефекти, технологијата OTS Pro го вади максимумот од квалитетот на звукот, а ова особено е значајно за гејмерските перформанси на Neo QLED QN990F 8K.

Но, тоа не е сè бидејќи можете и да изберете малку помала димензија, но со исти перформанси, Neo QLED QN900F 8K телевизорот е совршен избор, додека и сите модели од Neo QLED серијата доаѓаат со врвен дизајн кој лесно се вклопува во секој ентериер, додавајќи стил и луксуз во вашиот дом.

Но, ако преферирате 4K, не грижете се, бидејќи Samsung Neo QLED 4K телевизорите ќе ви го понудат најдоброто од двата света – врвна слика и неверојатен звук. Со Quantum Mini LED технологијата и AI обработка, сликата е неверојатно детална, а благодарение на Glare Free технологијата, дури и најсветлите простории ќе бидат идеални за гледање. За модели со 4K резолуција, како Neo QLED QN90F, со димензии од 43 инчи до 98 инчи, имате избор за секаков простор и секоја желба. Секако, тука се и фантастичните модели Neo QLED QN80F 4K или Neo QLED QN85F 4K, кои се создадени со внимание кон најситните детали за да совршено се вклопат во вашиот ентериер, но и да одговорат на вашите потреби и желби за уредот кој во сечиј дом е вистинскиот центар на забава.

Не само што овие телевизори ја дефинираат телевизијата на нов начин, туку го прават и вашиот дом паметен. Со SmartThings и вградениот Smart Hub, сега можете лесно да управувате со сите паметни уреди во домот преку телевизорот. Ќе бидете во можност да добивате известувања и да управувате со сите уреди директно од екранот, а со Galaxy часовникот на рачниот зглоб, можете да давате наредби со едноставни гестови.

Заштита на вашите податоци со Samsung Knox

Со Samsung Knox, вашиот дом и вашиот паметен телевизор ќе бидат заштитени на највисоко ниво. Оваа платформа обезбедува најмодерна безбедност која ги штити вашите податоци и информации. Knox обезбедува слој по слој заштита, осигурувајќи дека вашето искуство останува безбедно и приватно, без компромиси.

10 години иновации и лидерство на екраните квантни точки

За потсетување, Samsung беше еден од првите што го препозна потенцијалот на технологијата со квантни точки (Quantum Dot technology),започнувајќи со истражување и развој на квантните точки уште во 2001 година, за да во 2014 создаде материјал без кадмиумски нанокристал.. Оттогаш, Samsung регистрираше над 150 патенти, континуирано унапредувајќи ја QD технологијата. Ова го постави стандардот за премиум телевизори, вклучувајќи неспоредлив израз на бои благодарение на 100% волумен на боја според стандардот DCI-P3. Накратко, квантните точки се ултрафини полупроводнички честички кои се десетици илјади пати потенки од човечка коса. Од своето основање, нивните физички карактеристики што им овозможуваат да обезбедат највисоко ниво на точност на боите и осветленост меѓу постојните материјали, ги поставија во позиција да ја револуционизираат технологијата на екрани.

Искористете фантастична промоција!

Одлучете се за модел од 55 инчи од телевизорите на Самсунг и добијте 3 дополнителни години гаранција, или одберете модел од 65 инчи и добијте го на подарок Galaxy Watch7 – паметниот часовник што ги комбинира најсофистицираните технологии за мониторирање на здравје и фитнес, со елегантен дизајн и напредни функции за поврзаност и продуктивност. Побрзајте, бидејќи промоцијата трае до крајот на овој месец. Повеќе за оваа промоција прочитајте тука.

Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ