среда, 14 мај 2025

Илон Маск предвидува: Роботите ќе ги надминат дури и најдобрите хирурзи во рок од пет години (ФОТО)

Милијардерот и бизнис магнат Илон Маск напиша во објава на социјалната мрежа Икс дека роботите ќе ги надминат хирурзите за само неколку години.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Роботите ќе ги надминат добрите хирурзи за неколку години, а најдобрите хирурзи за околу 5 години“, напиша Маск.

Системот за роботска асистирана хирургија (РАС) на Медтроник, Хуго, учествуваше во 137 операции во неколку болници како дел од клиничкото истражување Експанд УРО – најголемо истражување од ваков вид за уролошка хирургија со помош на роботи, пренесува Бизнис стандард.

Компанијата објави извонредни резултати. Студијата ги исполнила своите главни цели во однос на безбедноста и ефикасноста.

Стапките на сериозни компликации (од трет или повисок степен) беа ниски:

  • 3,7 отсто во операции на простата
  • 1,9 проценти во операции на бубрези
  • 17,9 проценти во операција на мочниот меур

Сите резултати беа подобри од претходно утврдените референтни вредности од претходните истражувања.

Дополнително, 98,5 отсто од операциите биле успешни, што е значително над целта од 85 отсто. Само две операции мораа да бидат пренасочени кон алтернативни методи: едната поради технички проблем со уредот, а другата поради сложената анатомија на пациентот.

Во меѓувреме, компанијата на Маск „Неуралинк“ спроведува клинички испитувања на технологијата за интерфејс на мозокот-компјутер, со цел да им помогне на луѓето со парализа или невролошки нарушувања да ги контролираат уредите со својот ум.

Технологијата сè уште не е достапна за јавноста, но досега три лица добиле импланти од „Неуралинк“.

Еден од корисниците, Бред Смит, неодамна сподели видео на кое се гледа како му помага имплантот. Иако е парализиран, тој сега може да користи Мекбук и да комуницира со помош на уредот.

Додека Маск и иноваторите како Медтроник ги поместуваат границите на она што е можно, останува прашањето: Дали роботите наскоро ќе ги заменат човечките хирурзи – или само ќе ги направат подобри?

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ