петок, 12 декември 2025

Илон Маск беше прашан дали верува во Бог: Одговорот изненади многумина

Илон Маск, кој се декларираше како атеист, сега откри повеќе за своето духовно будење во последните години, велејќи дека започнал да верува дека Бог постои.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Извршниот директор на СпејсЕкс и Тесла, кој порано изјавуваше дека не верува во ништо, рече дека се восхитува на создателот на универзумот и прецизираше дека „Бог е Создател“, пренесува Дејли меил.

„Верувам дека овој универзум произлегол од нешто. Луѓето имаат различни етикети (за Бога)“, објасни Илон Маск гостувајќи во поткастот кај Кети Милер, која е сопруга на Стивен Милер, еден од главните советници на Доналд Трамп.

Од 2022 година, 54-годишниот Маск повеќе пати зборувал за растечкото почитување на основните христијански вредности, па дури признал дека бил „будала затоа што не ја ценел нивната длабока мудрост“.

Минатата година отиде дотаму што се нарече „културен христијанин“, фалејќи ги Исусовите учења за љубовта, добрината и простувањето поради нивната мудрост и општествена вредност.

Сепак, појавувајќи се во поткастот на Кејти Милер, Маск додаде дека нашиот творец едноставно може да управува со огромна компјутерска симулација, а нашите животи не се ништо повеќе од „нечија видео игра“.

Тој исто така шпекулираше дека нашиот свет би можел да биде „Нетфликс серија за вонземјани“, велејќи дека затоа целта на животот би била да го одржува човештвото возбудливо за да ги зголемиме нашите „рејтинзи“ и да го спречиме нашиот творец да го исклучи компјутерот.

„Дали рејтингот е добар?“ праша Кејти Милер.

„Да“, веднаш изјави Маск. „Ако ја примените Дарвиновата (теорија на преживување на најспособните) на теоријата на симулација, тогаш ќе продолжат само најинтересните симулации… Затоа, најинтересниот исход е најверојатен, бидејќи или тоа ќе се случи или ќе има уништување. Значи, навистина, имаме една цел. Да остане интересно“, објасни тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ