Како што соопштија од музејот, научниците веруваат дека станува збор за јајце од тираносаурус рекс, пренесува НЛ Тајмс.
Јајцето е откриено пред три години во карпеста формација во американската држава Вајоминг, а научниците оттогаш се обидуваат преку анализа да утврдат на кој вид диносаурус припаѓа.
Бидејќи во јајцето немало ембрионски материјал, експертите морале да користат други компоненти за да откријат кој вид го положил јајцето, како што се структурата на калциум карбонат и големината на јајцето.
Како што покажаа анализите, најверојатно станува збор за тарбосаурус, редок вид месојаден диносаурус, кој е предок на тираносаурус рекс.
Научниците веруваат дека на истата област има повеќе остатоци од јајца од диносаурус, па истражувањата на тоа подрачје ќе продолжат.






