Британскиот актер Хју Грант се пожали преку социјалната мрежа Икс на своето искуство со имиграциската служба на лондонскиот аеродром Хитроу, тврдејќи дека полицаецот во комуникацијата со неговите деца бил „наметлив, навредлив и морничав“.
„Само што се вратив од аеродромот со сопругата и децата. Сите го имаме истото презиме (Грант) во нашите пасоши. Службеникот за имиграција им пријде на моите деца и за време на разговорот со нив им шепна: „Дали се овие вашите мајка и тако?“. Наметливо, навредливо и морничаво“, напиша актерот.
Грант и Ана Еберштајн имаат три деца, синот Џон Мунг (12), ќерките Лулу Денгер (9) и Блу (6), како и ќерката Табита Ксијао (13) и синот Феликс Ченг (11) со актерката Тинглан Хонг.