среда, 1 април 2026
Првоаприлска шега

ХДЗ тестирал АИ-министер, веќе вториот ден почнал да краде

Владата на ХДЗ во последните месеци тестирала АИ-министер со работно име „ФрАИњо“. Резултатот, интересно, е истовремено фасцинантен и комплетно фијаско.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

„Внимавај што посакуваш – вели стара поговорка. А ние посакавме надминистер. Тоа и го добивме, но на поинаков начин отколку што замислувавме“, рекол за Индекс извор близок до владата, запознаен со целиот проект.

Имено, ФрАИњо по помалку од 24 часа почнал да краде и да бара мито.

„Целата идеја беше актуелните министри да ги замениме со АИ-министер што би можел да прави сè што тие треба да прават – кога би знаеле. Тоа ни падна на памет кога пред две години Гордaн Грлиќ Радман го заменивме со дигитрон на еден месец и никој не забележа. Работниот учинок беше ист, а дигитронот барем не се преправаше дека знае да зборува, па не се ни срамотеше кога ќе прозбори“, раскажувал изворот за Индекс.

„Потоа, со развојот на вештачката интелигенција, се осмеливме на овој чекор, кој во иднина треба практично да ги замени сите министри. Со месеци собиравме податоци за сите министри, а тука многу ни помогна УСКОК, кој ги има сите тие информации. Го составувавме алгоритмот така што од секој министер во последните десет години ќе го извлече она што најдобро го прави. За жал, ФрАИњо веднаш почна да краде и да лаже“, вели изворот.

„Кога ќе го прашавме зошто нè лажел, ќе речеше дека нема коментар или ќе дофрлеше дека институциите си ја вршат работата. На крај излегува дека министрите во последните години единствено знаеле врвно да крадат. Наместо совршен ХДЗ-ов министер, добивме совршен крадец“, додава тој.

Но веднаш се појавил и поголем проблем, вели Индекс.

„АИ-министерот веднаш ги украде пристапните податоци. Ја внесувавме лозинката ‘Фрањотуѓман1991’, но не функционираше. АИ ја сменил. Програмерите нè предупредија дека АИ може да излезе од контрола и да направи грабеж поголем од приватизацијата“, вели изворот за паниката што настанала во ХДЗ.

„Замислете колку би можел да ограби еден спој од Хорват, Кушчевиќ, Жалaц, Толушиќ, Баножиќ и други. Што би останало за нас тогаш? Среќа, брзо се снајдовме. Од еден министер внукот работи во владата и тој е тој што се разбира од компјутери. Тој го исклучи компјутерот од струја“.

Фактот дека АИ-министер почнал да краде е првоаприлска шега на Индекс. Сѐ друго е жива вистина и кај нас.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ