понеделник, 16 март 2026

Хавиер Бардем на доделување на Оскарите: „Не за војната и слобода за Палестина“ (ВИДЕО)

Доделувањето на Оскарите често е место каде, покрај филмската уметност, се испраќаат и силни политички пораки.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

На овогодинешната церемонија, тоа го стори и шпанскиот актер Хавиер Бардем, јавно изразувајќи го своето противење на војната и поддршка за Палестина од сцената, во време кога глобалните тензии растат откако САД влегоа во војната со Иран.

Бардем на 98-то доделувањето на Оскарите, одржано во недела на 15 март, за време на своето обраќање зборуваше против војната.

Актерот на церемонијата на доделување на Оскарите ја претстави категоријата за најдобар меѓународен филм заедно со актерката Пријанка Чопра. Пред да ги соопштат номинациите, Бардем го искористи моментот да го изнесе својот политички став.

„Не за војната“, рече Бардем, носејќи црвен знак со истиот натпис на шпански, „No a la guerra“.

Потоа додаде: „И слобода за Палестина“.

Ова предизвика овации во театарот Долби во Лос Анџелес каде што се одржа церемонијата.

„Денес сум тука за да го осудам геноцидот во Газа. Зборувам во име на Меѓународното здружение на експерти за проучување на геноцидот, кое е темелно ангажирано во проучувањето на геноцидот и го прогласи за геноцид. Затоа повикуваме на комерцијална и дипломатска блокада, како и санкции врз Израел, за да се запре геноцидот. Ослободете ја Палестина.“

Хавиер Бардем претходно изјави дека губи актерски ангажмани поради неговата поддршка на палестинскиот народ, но е решен да остане на страната на вистината.

Минатиот месец, тој беше меѓу потписниците на јавно писмо во кое се критикува Берлинскиот меѓународен филмски фестивал.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ