недела, 13 јули 2025

Гуми за џвакање се забранети во оваа земја, можете да ги купите само во аптека

Сингапур се смета за еден од најефикасните и најуреден град-држава во светот, познат по своите многу строги прописи што го регулираат однесувањето на граѓаните на јавно место.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Еден од највпечатливите и најпознати примери за такво законодавство е забраната за џвакање гуми за џвакање. Иако многумина оваа мерка ја доживуваат како претерано строга и ја оспоруваат, таа има јасна цел за зачувување на чистотата, редот и беспрекорното функционирање на јавната инфраструктура.

Забраната е воведена за да се спречи лепење на гуми за џвакање на улиците, јавните површини и превозните средства, со што се заштедува на одржување и се зачувува естетскиот изглед на градот.

Забраната за гуми за џвакање беше воведена во 1992 година, по долгогодишна фрустрација на владата поради проблемите што ги предизвикуваше гумата за џвакање на јавните простори. Најголемиот поттик беше неодговорното фрлање на улиците, но и лепењето на вратите и сензорите на автоматските врати на метрото, што често предизвикуваше технички дефекти и доцнења на возовите. Поранешниот премиер на земјата, Ли Куан Ју, познат по својата визија за уредна и ефикасна држава, не толерирал навики кои го нарушуваат јавниот ред и чистота.

Законот што беше донесен не само што забрануваше продажба на гуми за џвакање, туку и увоз во земјата, освен во посебни медицински случаи. Прекршителите би можеле да бидат казнети, па дури и да се соочат со кривично гонење. Законот е контроверзен со години, особено меѓу туристите и странските медиуми, кои често го наведуваат како пример за прекумерна контрола.

Сепак, во 2004 година забраната беше делумно олабавена по трговскиот договор со Соединетите Американски Држави. Тогаш беше дозволена продажба на терапевтски гуми за џвакање, како никотинска гума за одвикнување од пушење, но само во аптеките и со лични податоци на купувачот.

Денес, Сингапур сè уште тврди дека строгите правила се неопходни за одржување на висок квалитет на живот. Иако многумина ја сметаат забраната за гуми за џвакање за радикална мерка, фактот е дека улиците во Сингапур се речиси беспрекорно чисти – и тоа во голема мера благодарение на ваквите закони.

Сепак, оваа забрана не е без свои критичари. Противниците на законот тврдат дека мерката е премногу строга и дека ги ограничува личните слободи на граѓаните, особено кога станува збор за толку секојдневен производ како што е гума за џвакање. Се поставува прашањето дали чистотата и редот може да се постигне со едукација на граѓаните, наместо со репресивни мерки. Сепак, властите во Сингапур остануваат доследни – за нив успехот на овој закон се мери со практични резултати, како што се чисти улици, правилно функционирање на јавниот превоз и минимални трошоци за чистење на јавните површини.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ