Новата функција за личен контекст му овозможува на Џемини да ги користи минатите разговори за да обезбеди поперсонализирани и поточни одговори. Оваа опција е вклучена како стандард, но може лесно да се исклучи во поставките.
За оние кои сакаат разговор без никаква трага, тука се и привремените разговори – разговори кои не се зачувуваат, не се користат за обука на моделот и се бришат во рок од 72 часа. Тие дури и не се појавуваат во листата на неодамнешни разговори.
Заедно со овие промени, Гугл го менува името на опцијата „Активност на апликациите Џемини“ во Задржи активност, што им овозможува на корисниците да одлучат дали нивните датотеки, фотографии и активности ќе се користат за подобрување на услугите. Оваа поставка ќе стапи на сила од 2 септември 2025 година.
Функцијата за личен контекст моментално е достапна за корисниците на моделот Џемини 2.5 про во одредени земји, додека ќе биде воведена пошироко на верзијата 2.5 флеш.
Со овој потег, Гугл се обидува да најде рамнотежа помеѓу персонализацијата и приватноста – давајќи им на корисниците можност да изберат што Џемини ќе „запомни“ и што ќе „заборави“ засекогаш.






