Редовното консумирање ореви може да помогне во намалувањето на лошиот холестерол, подобрување на циркулацијата и одржување на еластичноста на артериите.
Освен тоа, оревите имаат благотворно влијание на мозокот, срцето и целокупното здравје на организмот.
Оревите го намалуваат ризикот од „лош“ холестерол, исто така се богати со протеини, диетални влакна и витамини. Тие содржат витамини од групата Б, како и калциум, натриум, железо, фосфор и магнезиум.
Кората на плодот од орев е полна со танини и хинони, па затоа чајот од орев се препорачува против паразити и габи. Овој напиток има позитивен ефект и врз крвните садови.
Подготовката е едноставна. Згмечете една шака ореви и потопете ги во половина литар ладна вода. Оставете ги покриени да отстојат преку ноќ, па наутро ставете ги на шпорет да се варат.
Кога чајот ќе зоврие, покријте го и тргнете го од оган и оставете го да се олади. Кога ќе стане млак, процедете го и пијте го полека, во мали голтки.
Пијте чај од ореви дневно најмалку еден месец. Имајте на ум дека кората од орев, кога се комбинира со млади листови во чајот, може да има и лаксативно дејство. Затоа, бидете внимателни и ако не ви се допаѓа пијалак направен од кора, можете да направите чај и само од плодот.