петок, 27 март 2026

Градови кои се преплавени од туристи: Повеќе посетители отколку жители

Како што се приближува летото, многумина почнуваат да ги планираат своите патувања, а Европа нуди повеќе атрактивни градови.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Сепак, многу од овие популарни дестинации се соочуваат со проблемот на прекумерен туризам, во некои, бројот на посетители значително го надминува бројот на жители.

Нова листа на компанијата „Откриј автомобил“ го споредува бројот на меѓународни туристи со бројот на жители во европските градови, првите пет места ги заземаат градови каде што има значително повеќе туристи отколку жители.

На самиот врв на листата се најде Дубровник. Овој историски град, чија популарност дополнително порасна откако беше една од локациите за снимање на серијата Игра на тронови, минатата година пречека 6,5 милиони туристи. Во споредба со околу 40.000 жители, ова значи дека на секои 100 жители на Дубровник, има дури 16.250 туристи.

Рејкјавик и Венеција со илјадници туристи на 100 жители

Второто место го зазеде исландскиот Рејкјавик, кој привлече 7,4 милиони посетители. Со оглед на тоа што градот има околу 140.000 жители, односот изнесува 5.286 туристи на 100 жители.

На третото место е Венеција. Еден од најпознатите градови во светот, кој минатата година го посетиле 10,6 милиони туристи. Бидејќи Венеција има население од околу 250.000, има 4.240 меѓународни посетители на секои 100 жители. Туристите се привлечени од уникатната архитектура и возењето со гондола по градските канали.

Четвртото место ѝ припадна на Женева во Швајцарија, која во 2025 година ја посетиле 7,8 милиони туристи. Градот има околу 200.000 жители, што значи дека соодносот е 3.900 посетители на 100 жители. Женева е позната по својот поглед на Алпите и често служи како почетна точка за патувања до планините и истражување на околните области.

Португалскиот град Порто се најде на петтото место. Тој град привлече седум милиони меѓународни туристи во 2025 година, додека во него живеат околу 250.000 лица. Соодносот од 2.800 туристи на 100 жители го става меѓу градовите што се соочуваат со проблемот на прекумерен туризам.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ