четврток, 5 јуни 2025

Град стар 140.000 години откриен на дното на океанот (ВИДЕО)

На дното на океанот во Индонезија, научниците пронајдоа остатоци од скриен град чија старост се проценува на 140.000 години.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Под слоеви од кал и песок во Мадурскиот теснец, пронајден е череп на древен човечки предок, Homo erectus (Исправен човек). Покрај черепот, истражувачите откриле и 6.000 животински фосили кои припаѓаат на 36 различни видови.

Меѓу нив има елени, слонови и комодо змејови (најголемите влекачи од семејството гуштери). Откривањето на остатоците од елени е особено значајно бидејќи тие претставуваат клучни индикатори за поранешната средина.

Ова биле претежно отворени шуми или тревни површини богати со вода и бујна вегетација, што овозможило опстанок и на тревопасните животни и на оние што се хранат со лисја.

Фосилите, за кои се проценува дека се стари околу 140.000 години, беа откриени во 2011 година од морски работници за време на ископување песок, но дури неодамна експертите беа во можност точно да ја утврдат нивната возраст и вид, што претставува важен пресврт во палеоантропологијата.

„Тој период се карактеризирал со голема морфолошка разновидност и мобилност на популациите на приматите во регионот“, вели Харолд Бергхуис, археолог од Универзитетот во Лајден во Холандија.

Експертите веруваат дека ова е првиот физички доказ за постоење на изгубен свет – праисториска копнена област позната како Сандаленд, пренесува Дејли мејл.

Топењето на глечерите во минатото предизвикало покачување на нивото на морето за повеќе од 120 метри, што довело до потопување на ниските области на Сандаленд.

Фосилите даваат редок увид во животот на древните луѓе и сега потопените области на Сандаленд.

На некои фосили се забележани јасни траги, што потврдува дека древните луѓе користеле напредни стратегии за лов, пренесува Нова.

Со анализа на седиментните слоеви, истражувачите го открија и закопаниот долински систем на поранешната река Соло, која некогаш течела источно низ сега потопениот гребен Санда.

Седиментите во долината укажуваат на буен речен екосистем од доцниот среден плеистоцен.

Откритието го претставува првиот директен доказ за присуството на човечки предци во денешните потонати области на Сандаленд, што го доведува во прашање досегашното разбирање на географската распределба на Хомо еректус.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ