Како што соопштија Израелската управа за антиквитети и Фондацијата на Западниот ѕид, оваа градба, со димензии 3,05 метри должина, 1,35 метри ширина и 1,85 метри висина, е пронајдена под слој пепел и сведочи за последните денови на Ерусалим, кога римјаните во 70 година го уништиле Храмот, пренесува Ројтерс.
Сите кои сакале да се искачат на Храмот морале претходно да се прочистат во микве, наведува агенцијата.
„Ерусалим треба да се памети како град на Храмот. Поради тоа, многу аспекти од секојдневниот живот биле прилагодени на таа реалност, што особено се огледа во внимателното почитување на законите за ритуална нечистота и чистота од страна на жителите и водачите на градот“, објаснува Ари Леви, директор на ископувањата во име на Израелската управа за антиквитети.
Un baño ritual judío de 2.000 años de antigüedad fue descubierto bajo el Muro Occidental
Leer más:https://t.co/eRHCaashMo#Jerusalem #Israel #Kotel pic.twitter.com/rbKGsIrm5l
— ITON GADOL es Israel y las comunidades judias (@Itongadol) December 29, 2025
Околу миквата биле пронајдени и бројни садови типични за доцниот период на Вториот храм.
Откритието е објавено пред постот Десетти од Тевет, кој се одбележува денес и потсетува на почетокот на вавилонската опсада што довела до уништувањето на Ерусалим и Првиот храм во 6 век пред новата ера.






