вторник, 1 април 2025

Германските железници продаваат на аукција стотици заборавени велосипеди

Германскиот железнички оператор Дојче Бан ќе продаде стотици велосипеди оставени на железничките станици низ Германија во следните недели.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Компанијата соопшти дека се планирани неколку аукции до крајот на мај, а ќе се организираат во поголемите градови како Берлин, Лајпциг, Дрезден и Минхен.

Околу 2.700 велосипеди наоѓаме секоја година на околу 5.400 станици низ земјата, изјави портпаролката на Дојче Бан, пренесува агенцијата Дпа.

Околу половина од тие велосипеди се продаваат на аукција откако ќе се чуваат најмалку 10 недели, додека оние во лоша состојба се фрлаат, додаде таа.

Цената на велосипедите на аукцијата варира во зависност од состојбата и видот. Велосипедите во просек се продаваат за околу 60 евра, рече портпаролката, а некои електрични велосипеди достигнуваат цена и над 300 евра – иако таквите примери се поретки.

Аукциите во градовите како Берлин обично привлекуваат голем број на луѓе, создавајќи конкуренција меѓу понудувачите. Сепак, купувачите кои бараат детски велосипеди би можеле да имаат подобра среќа, бидејќи побарувачката за нив е генерално помала, наведува агенцијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ