вторник, 10 февруари 2026

Германска полиција: Мачка патувала сама и без билет со воз до Бремен – и не ѝ е прв пат

Мачка патувала сама со воз до Бремен, без билет и без своите сопственици, соопшти германската федерална полиција.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Според полицијата, мачката се качила на регионален воз во Берн, Долна Саксонија, во петокот, пренесува Шпигел.

По пристигнувањето во Бремен, полицијата ѝ дала вода на мачката, а потоа ја предала на локална организација за спасување мачки. Еден ден подоцна, мачката била вратена кај своите сопственици.

Полицијата наведе дека животното се однесувало пријателски и дека било во рацете на еден од службениците додека се пренесувало до полициската станица.

Сопствениците додадоа дека ова не е прв пат црно-белата мачка да користи регионални возови.

„Иако очигледно станува збор за патник кој патувал повеќе пати, не се очекуваат никакви последици за него“, се наведува шеговито во соопштението.

Патувањето на оваа мачка во „сопствена режија“ не е единствено ниту во Германија, ниту во светот. Во 2023 година, лабрадор патувал сам со воз од Брауншвајг до Салцбург, Долна Саксонија, откако возот се затворил, а сопственикот останал сам на перонот, во Велика Британија, во 2024 година, две верверички предизвикале хаос во воз од Рединг до аеродромот Гетвик, поради што патувањето било прекинато.

Во Хонг Конг во 2021 година, дива свиња патувала со метро и дури успеала да смени линија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ