Тој е сопственик на најголемата колекција снежни топки во светот, која брои повеќе од 11.000 примероци, што му обезбеди место во Гинисовата книга на рекорди, пренесува Њујорк пост.
Страста на Јозеф Кардинал започнала во 1984 година. Тој го освоил својот прв Гинисов рекорд во 2002 година, кога неговата колекција достигнала 6.100 парчиња, но тој продолжил неуморно да ги собира овие зимски богатства, денес неговата колекција брои точно 11.017 парчиња.
„Ја обожавам романсата на снежните топки и нивната убавина кога ќе ги протресете и снегот ќе почне да паѓа“, рече Кардинал.
„Луѓето сакаат снежни топки затоа што тие претставуваат совршен свет. Очигледно оној кој не е реален и токму затоа нѐ привлекува.“
Неговата колекција вклучува и бројни необични примероци. Меѓу нив е снежна топка со тема од Харли-Дејвидсон што испушта звуци од моторот, како и една со реплика на Титаник што изгледа како да тоне. Најстариот примерок во колекцијата е направен во Париз во 1889 година и ја прикажува Ајфеловата кула, додека најмалата топка е со големина на нокт и служи како значка што може да се носи.






