недела, 18 мај 2025
Рецензија

Галакси С25 ултра носи нова ера на гејминг со бескомпромисни перформанси и неверојатна графика

Како повеќегодишен љубител на жанрот стратешки игри, би ја истакнала нивната корисна и секогаш добредојдена функција на релаксатор во денешниот динамичен начин на живеење, особено како една од алатките за справување со секојдневните предизвици, стресот, како и за стекнување вештини како да се пристапи и реши некој проблем, било со индивидуален или со тимски начин на размислување.

Објавено на

часот

Сподели

Мојот избор од овој жанр е играта Forge of Empires, стратешка онлајн-игра во реално време, во која низ неколку историски епохи играчот треба да го развие својот град преку управување со своите ресурси, да го изгради и да го унапреди во модерен град.

Играта изобилува со уметнички дизајн и е вистински предизвик да се истражуваат можностите што ги нуди новиот модел на САМСУНГ ГАЛАКСИ С25 УЛТРА.

Споредбата со кој било претходник на овој модел е впечатлива, а особено се истакнува во делот на графичките опции, каде што и најмалиот детаљ е прикажан со прецизен колорит и острина. Доколку ја одберете опцијата за битка, брзината на процесорот се истакнува до ниво каде што лесно се преминува од поедноставна во покомплексна динамика и акција на вашата армија на военото поле.

Предноста е во тоа што ГАЛАКСИ С25 УЛТРА користи чипсет од 3nm Snapdragon 8 Elite, веројатно најмоќниот SoC во кој било андроид-телефон во кој во моментов може да се ужива. Тоа е „Snapdragon 8 Elite за Galaxy“, што значи дека двете главни јадра на процесорот се повисоко тактирани (4,47 GHz наспроти 4,32 GHz), а графичкиот процесор Adreno работи со поголема брзина на часовникот.

Тоа дека ГАЛАКСИ С25 УЛТРА го има најдобриот хардвер на глобалниот пазар во моментов се чувствува при подолгите сесии на играње – немате придушување или кочење, што би требало да биде доволно за користење повеќе операции во исто време.

Тука се истакнува и алатката на S-пенкалото, со кое лесно се управува и е корисна при извршување попрецизни задачи.

Заоблените агли се приспособени за пријатно и брзо управување со копчињата на дисплејот. Поголемиот екран ја нуди можноста за поголемо уживање во дизајнот и обликот на предметите без да се употребува копчето за зумирање. Дури до таму што предметите може да се видат во 3Д-контури, а при тоа да се има контрола и на неколку зададени задачи во исто време.

Комбинацијата на неверојатни перформанси и врвни функции на новиот ГАЛАКСИ С25 УЛТРА со најсовремена технологија, елегантен дизајн и привлечност е вистински предизвик за секој гејмер или вљубеник во технологијата, а тоа што во џеб го имате овој врвен мобилен телефон е вашата највредна карта за пат во иднината.

Билјана Пејовска

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ