понеделник, 6 април 2026

Француски хотел нуди попуст: Евро помалку за секој милиметар дожд што ќе падне

Во францускиот крајбрежен град Порник на атлантскиот брег, локалниот хотел „Ла Фонтен“ понуди враќање на едно евро на секој турист за секој кубен милиметар дожд што ќе падне за време на престојот во хотелот.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Со 35 последователни дена врнежи од дожд на почетокот на оваа година, јануари и февруари беа особено влажни месеци во Франција, наведува Фигаро.

„Јануари е обично доста мирен на атлантскиот брег. Оваа година, февруари беше особено влажен и тоа имаше негативно влијание врз туризмот“, изјави Стефан Бертран, менаџер на хотелот „Ла Фонтен“.

Тој објасни дека е вообичаено гостите од блискиот град Нант да ја проверуваат временската прогноза за викендот на крајот од неделата.

„Ако времето е убаво, тие доаѓаат, а ако не е, не доаѓаат. Но, времето на нашиот атлантски брег постојано се менува“, вели Бертран.

Хотелот „Ла Фонтен“ ја добил лиценцата „Зелен клуч“ за одржлив туризам во областа на сместувањето и угостителството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ