понеделник, 9 март 2026

Фрагменти од метеорит паднале врз куќи во Германија (ВИДЕО)

Фрагменти од метеорит предизвикаа оштетувања на покриви и куќи во германската покраина Рајнска област-Пфалц, соопшти полицијата.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Извештаи за штета пристигнале од регионот Хунсрик и Ајфел, како и од Кобленц, пренесува Билд.

Портпаролот на националниот центар за кризни ситуации и команда за безбедност на воздушниот простор во Северна Рајна-Вестфалија изјави дека е потврдено дека станува збор за метеор или метеорит, додека попрецизни информации сè уште не се достапни.

Спасувачи и припадници на цивилната заштита се распоредени во Кобленц-Гилс, каде што фрагменти од метеорит оштетија покрив на куќа.

Објектот бил забележан и во јужна Долна Саксонија, а полицијата во Оснабрик добила неколку итни повици.

„Сведоци пријавија светла огнена топка на небото, која потоа наводно се урнала на земјата помеѓу Георгсмариенхајте и Оснабрик“, соопшти полицијата.

Според прелиминарните информации, во инцидентот нема повредени.

Во Штаде, западно од Хамбург, противпожарната служба и полицијата добиле пријава околу 19 часот за можни делови од авион или остатоци од други небесни тела што паднале во поле со пченка. И покрај обемното пребарување, ништо не е пронајдено, соопшти полицијата.

Портпаролот на полицијата изјави дека фрагменти паднале врз најмалку една куќа во Кобленц-Гилс, оштетувајќи го покривот, но никој не е повреден.

„Метеорит помина над Рајнска област-Пфалц. Се распадна со силен тресок над западна Германија. Фрагментите стигнаа до Земјата околу 19:15 часот“, соопшти Службата за заштита од пожари и катастрофи на покраината Рајнска област-Пфалц.

Метеоритите се мали фрагменти од карпа или метал што кружат околу Сонцето, додека метеоритите, кои често се нарекуваат и „ѕвезди што паѓаат“, се фрагменти што согоруваат во атмосферата на Земјата.

Метеоритите се остатоци од метеор кои ја преживуваат атмосферата и паѓаат на Земјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ