понеделник, 8 декември 2025

Фотографскиот натпревар „Вики ја сака храната“ на Википедија повторно во Македонија

Википедија на македонски јазик и здружението Викимедија МКД по трет пат го организираат фотографскиот натпревар „Вики ја сака храната“, повик за фотографирање традиционални јадења и специјалитети од Македонија, но и различни видови храна, специјалитети и оброци од целиот свет.

Објавено на

часот

Сподели

Право на учество имаат сите што ќе регистрираат (бесплатна) корисничка сметка на Википедија на македонски јазик или на Заедничка ризница (Wikimedia Commons). Натпреварот е во тек и сите фотографии мора да бидат прикачени за време на одржување на натпреварот, од 1 ноември до 30 ноември.

Целта на натпреварот е да се соберат  фотографии од различни видови јадења и специјалитети од светот, кои ќе бидат искористени во статиите за самите јадења и специјалитети на Википедија на македонски јазик.

Најуспешните учесници според оценката на стручно жири ќе бидат наградени со ваучери од Pix+. Фотографскиот натпревар предвидува три награди по бројност на фотографирани различни видови храна, традиционални јадења и специјалитети. Наградите се во вид на ваучери во износ од 400, 300 и 100 евра. Како посебна награда е предвидена и наградата за највисоко оценета фотографија, каде се предвидува ваучер во денарска противвредност во бруто-износ од 200 евра.

„Вики ја сака храната“ или Wiki Loves Food е првпат организиран во 2015 година од страна на Википедија Индија, локален огранок на Фондацијата Викимедија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ