понеделник, 8 декември 2025

Фотоапаратот Лајка што му припаѓал на папата Франциско продаден за 6,5 милиони евра

Фотоапарат Лајка (Leica) кој припаѓал на папата Франциско беше продаден на аукција во Виена за 6,5 милиони евра, износ кој ќе биде дониран за хуманитарни цели на фондот на починатиот папа.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Моделот М-А беше понуден на аукција со проценета цена од 60.000 до 70.000 евра, се вели во соопштението од компанијата Лајка.

Тоа е третата највисока цена на аукција за фотоапарат од легендарниот германски бренд, по продажбата на прототип од 1923 година, кој беше продаден за 14,4 милиони евра во јуни 2022 година, и уште еден прототип од истата година, кој беше продаден минатиот јуни за 7,2 милиони евра.

Папата сакал да го продаде фотоапаратот, но продажбата беше одложена поради неговата смрт во април.

Идентитетот на купувачот не е откриен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ