понеделник, 12 јануари 2026

Филмот „Една битка по друга“ триумфираше на Златните глобуси 2026 (ВИДЕО)

Филмот “Една битка по друга” беше главната ѕвезда на годинешните доделувања на Златниот глобус, освојувајќи победа во престижната категорија за најдобар филм – мјузикл или комедија. На свечената церемонија која се одржа на 11 јануари во хотелот Беверли Хилтон во Лос Анџелес, која повторно ја водеше комичарката Ники Глејзер, овој филм го потврди статусот на фаворит, пренесува И!Онлајн.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Во трка за најдобра комедија или мјузикл, филмот ја победи силната конкуренција од филмовите „Сина месечина“, „Бугонија“, „Марти Суприм“, „Нема друг избор“ и „Нувел Ваг“. „Ох, ова е тешка категорија“, коментираше водителката Џулија Робертс додека го објавуваше победникот.

Победата во категоријата за најдобар филм беше четвртата награда за „Една битка по друга“ таа вечер, со што стана најнаграден филм на церемонијата. Претходно, Тејана Тејлор ја освои наградата за најдобра споредна актерка, додека Пол Томас Андерсон славеше во категориите за најдобар режисер и најдобро сценарио.

Продуцентката Сара Марфи им се заблагодари на режисерот и на ѕвездената екипа составена од Тејана, Леонардо Ди Каприо, Бенисио дел Торо, Шон Пен, Чејс Инфинити и Реџина Хол при примањето на наградата, нарекувајќи ги нивните победи „изобилство од богатство“.

Филмот „Хамнет“ го освои Златниот глобус за најдобра драма

Филмот „Хамнет“ исто така се истакна, освојувајќи ја наградата за најдобар драмски филм.

Станува збор за драма со елементи на романса, во режија на Клое Жао, која заедно со Меги О’Фарел го потпишува и сценариото. Главните улоги ги толкуваат Џеси Бакли како Агнес и Пол Мескал како Вил. Меѓу продуцентите се и големи имиња како Сем Мендес и Стивен Спилберг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ