Прекрасниот град е прогласен за најдобар во Европа за велосипедисти. Веб-страницата „Епик Роуд Рајдс“ ги именуваше градовите на континентот што се најпријателски настроени кон велосипедистите, Копенхаген се најде на врвот на листата, со својата одлична инфраструктура.
Главниот град на Данска се наоѓа на сите индекси „најдобри градови за велосипедисти“, а во предвид се земаат различни податоци: ниво на безбедност, временски услови, велосипедски настани и инфраструктура. Фактот што Гранд Департ Тур де Франс во 2022 година се одржа во Копенхаген е уште едно признание за долгата велосипедска традиција на градот.
Копенхаген има добри патишта, ниско ниво на несреќи и кражби, како и многу места за изнајмување велосипеди, што го прави еден од градовите најпријателски настроени кон велосипедистите во светот.
Речиси 50 отсто од населението оди на училиште, факултет или работа со велосипед, па велосипедската култура е длабоко вкоренета во свеста на граѓаните. Пристанишниот круг, долг осум милји, е идеален за истражување на различни аспекти од градскиот живот.
Амстердам, во Холандија, исто така се најде на листата на „Епик Роуд Рајдс“. Прогласен е за еден од најпогодните градови за велосипедисти во Европа. Неговиот уникатен центар е вистински скапоцен камен со живописни канали, заоблени мостови, величествени историски градби и, се разбира, велосипеди, пренесува британски Експрес.






