четврток, 5 март 2026

Европската агенција предупредува: Загадувањето е поврзано со ментални нарушувања

Загадувањето на животната средина е поврзано со неколку ментални нарушувања – депресија и анксиозност – во Европа, предупреди Европската агенција за животна средина (ЕЕА).

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Таа наведува дека построго спроведување на регулативите би можело да доведе до тоа Европејците да бидат помалку депресивни и помалку анксиозни.

Особено се истакнуваат загадувањето на воздухот, бучавата и хемиското загадување.

„Истражувањата постојано покажуваат дека загадувањето на воздухот, на пример во форма на фини честички (ПМ2.5) и азот диоксид, е поврзано со депресија и депресивни симптоми“, се вели во извештајот на агенцијата.

Тие додаваат дека „изложеноста на олово, хормонски нарушувачи и други хемикалии, особено во развојните фази од животот, може да го зголеми ризикот од проблеми со менталното здравје подоцна во животот“.

Исто така, бучавата, особено од воздушниот и патниот сообраќај, може да биде поврзана со зголемен ризик од депресија и анксиозност, особено кај ранливите групи на население.

„Напредокот кон целта за нулта загаденост може да донесе дополнителни придобивки за менталното здравје и општата благосостојба“, соопшти ЕЕА.

Агенцијата, исто така, истакнува дека решенијата базирани на природата имаат научно докажани придобивки за луѓето со ментални нарушувања, бидејќи го намалуваат стресот, анксиозноста и депресијата, како и ја подобруваат целокупната благосостојба преку контакт со природата.

Според податоците на ЕЕА, менталните нарушувања во 2023 година претставувале шести најголем товар на болести во Европската Унија и осми водечки причинител на смрт.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ