Еден маж е казнет со 200 евра затоа што разговарал преку звучник на мобилен телефон на железничка станица, што го привлекло вниманието на вработените.
Тој разговарал со својата сестра преку звучникот на мобилниот телефон додека чекал воз на станицата во Нант, кога вработен во француската железница го запрел и го замолил да ја намали јачината на звукот.
Иако бил предупреден дека ќе добие казна од 150 евра, тој помислил дека е шега, одбил да плати, потоа казната му била зголемена на 200 евра.
Иако во Франција не постои закон што директно забранува зборување преку звучници на јавни места, постојат јасни правила за контрола на бучавата.
Францускиот сообраќаен законик предвидува казни за оние кои користат уреди и инструменти за да го нарушат мирот на другите со бучава во јавните превозни зони. На пример, гласното зборување на мобилен телефон без звучник на француските железници може да доведе до казна од 60 евра.
Во современиот свет сè почеста е појавата луѓето гласно да разговараат на телефон на јавни места или да гледаат видео содржини без слушалки. Прашањето е дали таквото однесување треба строго да се забрани и казни.






